Во претходните недели имавме голем број сугестии и информации дека Apple има проблеми со производството на новиот iPhone 8 модел, кој најверојатно ќе биде одложен. Меѓутоа, најновите извештаи сугерираат дека сите три годинашни iPhone модели ќе бидат одложени.

Извештаите, што ни ги донесува Digitimes укажуваат на тоа дека iPhone 8,  iPhone 7 и iPhone 7S Plus нема да бидат подготвени за планираниот период на објава, што се коси со претходните извештаи дека наведените модели ќе пристигнат во септември.

Apple, на крај би можел споменатите iPhone модели да ги претстави на настан во септември, но нивната достапност на пазарот ќе биде поместена во споредба со претходните генерации.

Кога е во прашање самиот iPhone 8, извештаите сигерираат дека производството се уште не е почнато. Ова значи дека телефонот нема да биде подготвен за објава барем до ноември или декември. Слични одложувања им се закануваат и на останатите модели, што сугерира дека Apple ќе го почне производството со два месеца задоцнување,