Сè повеќе компании сакаат да влезат на пазарот на флексибилни/свитливи телефони, откако Samsung (Galaxy Fold) и Huawei (Mate X) го привлекоа вниманието на светот. Како и да е, LG се чини дека има малку поинаква идеја, а новиот патент на компанијата покажува трикратно флексибилен телефон.
Покрај тоа, можно е да се смести паметно пенкало на уредот во празнината каде што е шарката. Идејата за трикратно свтилив дисплеј е мошне интересна, особено затоа што секоја страна има сооднос 18:9, или 3:2 кога уредот е целосно расклопен. Ова може да го направи особено корисно како таблет, и со поддршка за пенкалото продуктивноста може да биде една од главните одлики за продажба на уредот.
Се разбира, бидејќи станува збор само за патент, нема гаранција дека таков телефон некогаш ќе биде официјализиран и пласиран како комерцијален производ во рамки на понудата на LG.