Денешниот софтвер главно доаѓа во форма на дигитално преземање, и ако случајно го избришете, не треба да пребарувате низ правливи инсталациони дискови – можете само да го преземете софтверот од страницата на развивачот. Меѓутоа, кога станува збор за повторно инсталирање на Windows 10, ситуацијата е малку покомплицирана.

Сепак, добра вест е дека Microsoft конечно ќе овозможи Обнова на Internet Recovery функција за компјутерите кои имаат Windows 10. Ова значи дека ако некогаш треба да го инсталирате повторно Windows 10, ќе можете да го преземете од клауд. Ова ќе се спроведе на сметка на тековните методи, кои вклучуваат партиции, надворешни алатки, USB-клучеви или традиционален диск за инсталација.

Интересно е што Microsoft всушност нуди слична restore функција за својата Surface линија, но ова сега ќе се прошири и на другите уреди.

Internet Recovery функцијата за Windows 10 сè уште не е достапна и во моментов е дел од Insider build кој не е активиран и не може да се проба дури и ако сте член на Insider програмата.