Почнете од денес со овие пет целосно бесплатни програми за дизајн кои нудат многу опции и многу забава!
Најверојатно, од многу дизајнери или блогови кои се ориентирани на добар дизајн веќе сте чуле дека Photoshop е единстената графичка програма која ќе ви е потребна. Но, иако Photoshop несомнено нуди многу, тој сигурно не е единствениот софтвер кој може да ја заврши работата.
Кога ставнува збор за софтвер, добро е да имате опции. Со само едно пребарување на Google, ќе откриете дека на располагање имате МНОГУ опциии за софтвер за дизјан.
Меѓутоа, како да изберете која алатка е за вас, во случај кога не сакате да плаќате за софтвер со дополнителни функции кои никогаш нема да ги искористите?
Почнете од денес со овие пет целосно бесплатни програми за дизајн кои нудат многу опции и многу забава!
GIMP
GNU Image Manipulation Program, или како што повеќето го викаат GIMP, е open-source софтвер кој може да го превземете директно на вашиот компјутер. Покрај тоа што може бесплатно да го превземете, инсталирате и употребувате, може и да ги добиете сите негови надоградувања без никаква надокнада.
Како најнапреден, бесплатен софтвер за уредување на слики, GIMP многу напредува, особено ако се земе фактот дека неговото деби е во почетокот на 90-тите години. GIMP е добро-познат по моќниот сет на алатки слични на Photoshop, како слоеви, сопствени четки, патеки и фото ефекти со екстензивна библиотека со совети и трикови за нивна употреба. Може да отворите, уредувате и зачувувате Photoshop датотеки во GIMP. Така, ако ви испратат Photoshop датотека, може да употребите GIMP за да ја уредувате, без воопшто да имате инсталирано Photoshop .
Pixlr
Pixlr е колекција од алатки за дизајн на слики и подобрување на фотографии во едноставен online портал за дизајн и фото уредување.
Ако барате брзи и забавни ефекти за да ги подобрите сликите на вашиот блог и постовите на социјалните медиуми, тогаш навистина ќе ви се допадне Pixlr Express Web App. Од друга страна пак, ако сакате контрола и графичка уметност, погледнете го Pixlr Editor. Основниот план е бесплатен (и богат со опции), но за само $14.99 годишно, може да отклучите уште повеќе ефекти.
Pixlr може да се пофали со пристап кон дизајнот кој е фокусиран на корисниците, со online портал, програма која може да се превземе и мобилни апликации за дизајн. Опциите за дизајн опфаќаат мноштво на филтри, ефекти и прилагодувања на ниво, како и креативни ефекти со едно кликнување, проѕирни фолии и рабови. Pixlr blogпостојано претставува нови опции, техники и трикови. Тие дури имаат и неделни предизвици на Инстаграм и ги претставуваат нивните омилени дела на блогот.
Canva
Со слоган како “Неверојатно лесен графички дизајн”, Canva е нешто со што мора да се поврзете. Станува збор за online програма, во која откако еднаш ќе се регистрирате, може во секое време и од секаде да се најавувате за да креирате ваши дела, употребувајќи ги можностите за уредување на фотографии со повлечи-и-спушти и позиционирај-и-кликни.
Canva доаѓа со богата библиотека на бесплатни фотографии, стотици бесплатни елементи и фонтови, и супер ефекти кои опфаќаат сé од vintage инспирирани филтри, па до слоеви за подобрени бои. Може да изберете од сликите кои ги обезбедува Canva, или да прикачите сопствени фотографии. Тие ви обезбедуваат и многу образци и туторијали со кои ќе научите како да дизајнирате прекрасни слики за на блог, покани за свадба, деловни картички и многу повеќе!
PicMonkey
PicMonkey е уредувач на фотографии со опции за графички дизајн и правење колажи. Може да додавате интересни шеми, текстура, clip art елементи и да ретуширате, како на пр. да побелите заби, да нијансирате тен, па дури и да додадете кармин, а сето тоа само со кликнување на копче. Немојте да ги заборавите очилата за сонце и капите за забава! (за забавни покани за роденден)
PicMonkey има голема и богата бесплатна верзија (и илјадници бесплатни туторијали и упатства), но нуди и премиум членство со кое може да отклучите дополнителни опции и техники.
Sumo Paint
Sumo Paint е подеднакво добар за дизајн на слики и функционалности за боење.
Sumo Paint, со повеќето можности за избор на форми и слоеви, несомнено отскокнува од останатите бесплатни сајтови и софтверски програми. Јазичето “Adjustments” ви доволува да правите прилагодувања на нивоа, светлина, заситеност и рамнотежа на боја. Sumo Paint има библиотека на алатки налик Photoshop, како четки, алатки за работа со слоеви, филтри, модели и волшебни стапчиња. Дополнително може да ја погледнете и неверојатната уметност на другите корисници за инспирација и креативност.
Со бесплатни ресурси како овие, првите чекори во веб дизајнот повеќе не мора да се тешки! Со нив може да добиете искуство и да направите вистински почетоци креирајќи сопствени графики.
Извор: Еверест.мк