Продажба на оружје, контрола над туѓите компјутерски податоци и дистрибуција на дрога. Добредојдовте во секојдневието на Darknet, мрачната страна на интернетот во која законот не постои, а анонимноста претставува клуч за неговото користење.
Претходно оваа недела, еден корисник на Darknet од Австралија понуди пристап до Mediacare податоците, односно информациите за здравственото осигурување на било кој свој сограѓанин. И тоа за само 22 долара. Како некое лице по илегални канали доаѓа до туѓи приватни податоци, не е разјаснето. Меѓутоа, една работа веќе сега ни е прилично јасна – на darknet е можно се, а за незаконски дејствија одговараат ретки поединци.
Продажба на оружје, контрола над туѓите компјутерски податоци и дистрибуција на дрога. Добредојдовте во секојдневието на darknet, мрачната страна на интернетот во која законот не постои, а анонимноста претставува клуч за неговото користење. Darknet не е исто што и deep web – кога зборуваме за деловите на интернет на кои не можеме да им пристапиме по пат на пребарувачот, односно deep web е составен дел на веб страниците.
На Darknet се продаваат и државјанства
Darknet е сам по себе мрежа, на која можеби да и пристапиме единствено преку специфични софтвери. Обединетите народи минатиот месец објавија дека купопродажбата на дрога од септември 2013 до јануари 2016 година се зголемила за 50 проценти годишно, во еден дел и преку darknet. А растечката мрежа е идеална за корисниците кои сакаат да останат анонимни. Така darknet во голем број го сочинуваат политички активисти, хакери, свиркачи и, секако, преостанатите криминалци.
Анонимноста е клучната предност на Darknet
Tor софтверот, со истоимениот браузер е најпознат од сите на darknet. Иако сам по себе не е илегален бидејќи го користат „нормалните луѓе” (се споменуваат и кинеските дисиденти), околу четири отсто од мрежата е наменето за тајните услуги: содржината на dark web. Преостанатиот дел го сочинуваат анонимуси кои сосема нормално и легално им пристапуваат на интернет страниците. Сепак, дури и таквите корисници можат казнено да одговараат, така што секогаш треба да имате на ум што барате и до што пристапувате. Но, можат ли корисниците на тајните услуги да одговараат за својата активност?
Tor со помош на друг софтвер наречен The Onion Router го осигурува прометот на тајните услуги преку низа заштитни слоеви, кои трансакциите, движењата и пребарувањата ги прават приватни и сигурни. Заштитата на darknet ја спроведуваат волонтери кои своите сервери ги прават пропусни, односно пристапни.
Линковите често се неповрзани и сомнителни, па не можете да знаете во што се впуштате, а со самото тоа се создава прилика за илегалците кои продолжуваат да сурфаат по подземните води. Дали ќе бидат уловени зависи исклучиво од нив, а додека за нив не слушнеме на вести како во случајот на невнимателниот Австралиец, нивните дејствија предизвикуваат мало внимание.