Имајќи ја предвид политиката на компанијата за борба против пиратеријата, изгледа чудно, но факт е – веќе може да добиете информации за најдобрите торент тракери само со едно пребарување во Google Search.

Користете го терминот „best torrenting„ или „torrent sites“ и пребарувачот веднаш ќе извади популарни тракери како isoHunt, Demonoid и The Pirate Bay во форма на икони на насловната страница.

Google вложува различни напори да ја ограничи пиратеријата во пребарувачот како на пример симнување на пиратски апликации од Play Store, понуда на легални опции за симнување на луѓе кои бараат пиратски преземања или тргање на торент сајтовите од предните позиции при пребарување. Особено оваа последна мерка го прави новиот предлог за посетување на тракери прилично забавно.

Најверојатно алгоритам се изготвува автоматски врз основа на претходни кориснички пребарувања и избори. На ист начин компанијата нуди и сајтови за стриминг, каде без проблем комбинира легални (Crackle) и пиратски (Putlocker).