Microsoft работи на верзија на прелистувачот Edge базиран на Chromium и има за цел да им понуди на корисниците разни алатки, вклучувајќи и режим на компатибилност со Internet Explorer за да уживате во достапните апликации и услуги во новиот прелистувач. Сепак компанијата нема намера да го укине Internet Explorer од Windows 10.

Легендарниот прелистувач ќе остане во сите верзии на Windows 10 – од верзиите за домашна употреба до корпоративни верзии. Покрај тоа, Microsoft ќе продолжи да го одржува стариот прелистувач, особено Internet Explorer 11, забележува „WindowsLatest“ сајтот.

Причината за ова решение на Microsoft е едноставна. Internet Explorer е интегриран во сите верзии на Windows, а многу владини структури, банки и други организации продолжуваат да користат програми и услуги напишани исклучиво за овој прелистувач.

Интересно е тоа што Internet Explorer е попопуларен од сегашниот Microsoft Edge прелистувач, базиран на EdgeHTML енџин, а повеќето од корисниците го користат Windows 7. Други корисници избрале решенија како што се Chrome, Firefox и други прелистувачи.

Можеби многу корисници би сакале да имаат самостојна верзија на Internet Explorer за да можат да го инсталираат прелистувачот на секој компјутер, без оглед на оперативниот систем. Сепак, тешко дека Microsoft ќе им понуди слична можност.