Facebook има огромна база на податоци за корисниците на социјалната мрежа, но се чини дека тоа не е доволно. Компанијата патентираше систем, кој ја разбира емоционалната состојба и препорачува најсоодветно анимирано селфи. Идејата е автоматски да го активирате софтверот на Facebook и, место вас, да го избере емотиконот, кој одговара на најдобар начин на расположението. За да го направите ова, треба да направите селфи и да чекате алгоритмите на компанијата да се погрижат за останатото.

Податоците откриваат дека системот функционира со користење на машинско обучување за да ги анализира изразите на лицето и да го одбере емотиконот што е најрелевантен за нашата емоционална состојба. На пример, ако сте во зоолошката градина и се сликате со панда и изгледате среќно, Facebook ќе препорача филтер на кој е прикажана насмеаната мечка. Ова значи дека системот не обрнува само внимание на изразите на лицето, но и на другите објекти на фотографиите, информира Mashable.

Ова е само еден од концептите над кои инженерите на компанијата работат, за да се обидат да ни обезбедат подобри можности да се изразиме себеси во социјалната мрежа. Со оглед на најновите скандали за безбедноста на податоците, најверојатно ќе има начин да блокираме таков систем ако не сакаме да го користиме во нашата сметка. Треба да се напомене дека ова е сега само патент и ние немаме никакви информации кога може да најде вистинска примена во профилите.