По одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да јa стави компанијата Huawei на ,,црна листа” за тргување со американските компании, американското Министерство за трговија на САД донесе нова одлука со која се дава одобрение на американските компании да продолжат да работат со Huawei во следните три месеци во обид да ограничат последиците од извозни ограничувања за кинескиот производител на телекомуникациска опрема.

Со лиценцата се намалуваат претходно наметнатите ограничувања на американската влада да забрани продажба на технологии од кинескиот Huawei. Привремената дозвола ќе трае до 19 август.

Oд 16 мај стапи на сила наредбата на американската администрација со која кинескиот телекомуникациски гигант Huawei се става на т.н. црна листа во САД.