На три години пред почетокот на Светското првенство, Катар го доби своето прво метро. На подземната железничка линија се работело шест години. Таа ќе ги поврзува стадионите Ал Вакарг и Лусаил, каде ќе се играат натпреварите од Мундијалот.
„Ова е еден од мега-проектите на Катар. Не станува збор само за обичен проект. Метрото претставува нов начин на транспорт низ целата земја. Метрото треба да биде еден вид добредојде за сите нации, туристи и лица кои живеат во Катар“, изјавил Абдула Ал Мавлави, лицето за јавни односи и директор на Железницата на Катар.
Втората линија е долга 40 километри и го поврзува меѓународниот аеродром Хамад со централниот дел на Доха. Оваа линија сеуште не е пуштена во функција. Целата мрежа на подземна железница ќе биде отворена во 2020 година и ќе има три лини. Црвена, зелена и златна со 37 станици.
Жителите од престолниата во Катар, Доха, велат дека се радуваат на метрото и дека со радо срце ќе го користат како превозно средство. Иако се навикнати да ги користат своите автомобили, сепак честите сообраќајни застои им прават големи проблеми.
„Никогаш не верував дека ќе видам метро во Доха“, изјавил пензиониран работник од воздухопловната индустрија.
Тој го снимил првото возење, а го чува и билетот од овој историски момент. Целата мрежа на железницата ќе биде отворена во 2020 година. Се верува дека граѓаните со задоволство ќе ги користат овој превоз.