Sonos и IKEA ја претставија ултимативната комбинација на звучник и лампа, на чие производство двете компании соработувале со години. Symfonisk столната лампа и звучник ќе започнат да се испорачуваат на пазарот оваа година, а корисниците ќе можат да ги контролираат со помош на апликација на Sonos.
На куќиштето на лампата има инструмент за контрола на светлото, и истото ќе се прилагодува на звукот, како и со IKEA паметните ролетни и другите светилки. Инаку, Sonos звучниците веќе можат во целост да се контролираат во рамките на Spotify и други слични апликации.