Новата услуга на Viber им овозможува на корисниците кои патуваат, живеат надвор од својата матична земја или се занимаваат со меѓународен бизнис, да изберат број на телефон во моментната земја, на кој ќе се насочуваат сите повици и пораки кои ќе пристигнат на веќе постоечкиот Viber профил.
Блаагодарение на новата услуга, бизнисмените на пат на своите клиенти ќе можат да им дадат локален број – што ќе им овозможи непречен контакт без трошоци на роаминг и без оглед на моментната локација. Уште повеќе, корисниците ќе можат овој број да го користат и за потврда на резервациите во странство, туристички разгледувања и слични активности, кои често бараат трошоци. Корисниците на привремена работа во странските земји и патниците воопшто, преку овој број, исто така ќе им бидат достапни на своите пријатели и соговорници од матичната земја во текот на отсуството.
Viber локалниот број уште сега е можно да се активира со влез на “More” секцијата во апликацијата.
Локалниот број ќе биде достапен ширум светот, а најпрвин ќе биде активен за корисниците од Велика Британија, САД и Канада, а на корисниците ќе им овозможи прием на неограничен број повици и пораки. Од друга страна, во рамките на кампањата за воведување на оваа услуга, Viber ќе понуди промотивбна претплата за првите 10.000 корисници по фиксна цена од 1,99 долари месечно.
Стандардните услови на понудата, применувани по завршувањето на промотивниот период изнесуваат 4,99 долари за месечна услуга, која може да биде откажана на крајот на било кој месец, без дополнителни трошоци. Новата услуга на компанијата е достапна на iOS и Android верзиите на апликацијата.