Постојат над 5.000 000 апликации за iPhone, iOS и Android, а начинот да откриете кои од нив се навистина корисни не е ниту едноставна, ниту лесна задача. Од моќни апликации за фотографии, за вежбање, кои ни помагаат, ни го олеснуваат животот, до оние креирани да ги заштитат вашите лични податоци.

Сите интересни и корисни сами по себе, и кои им овозможуваат на корисниците на мобилните телефони подобро корисничко искуство. Креирани интернационално, но и кај нас во Македонија, иновативни, но пред сè како резултат на новите кориснички потреби.

Еве го нашиот избор на апликации што би требало без исклучок да ги имате на вашиот смартфон, кои ќе ви го олеснат животот, ќе ви го направат денот позабавен, но она што е најважно е дека со нив ќе се чувствувате безбедно и сигурно додека користите интернет.

VSCO Cam

Апликација за напредни инстаграмџии. Ако сакате фотографиите направени со вашиот смартфон да изгледаат врвно, еден од многуте филтери на VSCO ќе ви помогне во тоа. Не мора да нѝ верувате на збор, рецензиите на илјадници корисници ќе ви потврдат дека ова навистина е една од најдобрите апликации за фотографирање и обработка на сликите. Оваа апликација овозможува и поделба и организација на снимениот материјал според потребите на корисниците.

RunKeeper

Вашиот пријател за вежбање ќе ви овозможи да одберете најразлични типови на вежби и тренинзи, од временски интервали до загревање. Можете да воспоставите нови рути за трчање, а апликацијата изработува статистика и го поврзува смартфонот со монитор за следење на срцето. Во апликацијата можете да си поставите цели, да ја достигнете дистанцата или да измерите колку килограми или калории сте потрошиле. Дополнително, своите резултати можете да ги споредувате со резултатите на вашите пријатели. И оваа апликација е бесплатна и достапна за iOS и Android.

MSQRD

Masquerade, или само MSQRD овозможува да си играте со различни анимирани филтери на вашето лице, користејќи ја селфи камерата. Ефектите се различни, од Леонардо Ди Каприо на Оскари до забавни мајмуни и многу друго. Ова е апликација што веројатно ќе ја користи целото семејство. Оваа апликација неодамна ја купи Фејсбук, а достапна е за iPhone, iOS и Android. Како и претходната и оваа е целосно бесплатна.

Телеком SafeNet

Во овој контекст би ја навеле и интегрирана услуга на Македонски Телеком којашто го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Таа автоматски ги проверува веб страниците што ги посетувате додека сте поврзани на мобилен интернет и ги блокира потенцијалните закани, злонамерен софтвер, вируси, крадење на лични податоци (фишинг) или хакирање. Се активира со само еден „клик“ на интернет прелистувачот, односно страница што нуди активирање на услугата. Telekom SafeNet на Македонски Телеком функционира без разлика на типот на уредот или оперативниот систем и не бара инсталирање на нов или ажурирање на постоечки софтвер.

Македонски Телеком со развивањето на оваа нова услуга докажува дека постојано ги поместува границите за подобро корисничко искуство. Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 Business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до крајот на година и да спијат мирно во уверување дека приватноста им е загарантирана. Она што е нивно – ќе остане нивно!

За сите останати Телеком корисници, повеќе инфо на следниот линк.