Wizz Air, една од најбрзорастечките авиокомпании во Европа и лидерот меѓу нискобуџетните авиопревозници во Централна и Источна Европа се приклучи на „Не на мојот лет“, нова кампања лансирана од Европска организација за безбедност на воздушната навигација со цел да го намали бројот на патниците кои не ги почитуваат правилата на сите европски летови и да ги заштити патничките права за мирно патувачко искуство.
Непреченото функционирање на дел од летовите во Европската Унија е попречено од одредени патници кои се однесуваат неправилно. Најмалку 70% од овие инциденти вклучуваат одредена форма на агресија. Иако бројот на инциденти на летовите на Wizz Air беше стабилен во последните години, поради строгите правила на aвиокомпанијата и добро-истренираниот екипаж, авијациската индустрија во 2018 искуси зголемување од 34% на патници со неправилното однесување споредено со 2017.
Иако бројот на патници кои не ги почитуваат правилата е многу мал во однос на вкупниот број на патници, влијанието од нивните акции може да има непропорционален импакт врз непреченото функционирање на летот и на сопатниците. Нарушеното однесување, како што е претераното пиење и интоксикација, пушење цигари во тоалетот, вербално или физичко насилство кон екипажот или сопатниците, или пак неизвршување на инструкциите на екипажот, воведува непотребен ризик за нормалното функионирање на летот со тоа што го одвлекува вниманието на екипажот од неговите должности, што може да доведе до значителни одложувања на летовите.
Како еден од носечките нискобуџетни авиопревозници во Европа, безбедноста и сигурноста секогаш биле врвен приоритет за Wizz Air. Авиокомпанијата ги има вработено едни од најмладите и најмодерните флоти во светот, со просечна возраст од 4.5 години за неговите 112 Airbus A320 и A321 Aircraft. Авиокомпанијата исто така има нула толеранција за насилното однесување кон патниците и неговиот персонал од 4,500 луѓе. Посветениот и професионално обучен тим на Wizz Air ефективно се справува со патниците кои не ги почитуваат правилата според нивните темелни, повторливи тренинзи. Wizz Air одблизу соработува со локалните авторитети во врска со патниците кои не ги почитуваат правилата.
András Radó, Корпоративниот менаџер за комуникација на Wizz Air изјави: „Секој патник и член на екипажот има право на сигурен лет, ослободен од вербално и физичко насилство. Патувањето треба да биде искуство за уживање каде патниците со почит се третираат меѓусебно и спрема екипажот. Последнава година, 34 милиони луѓе ги одбраа ниските цени на Wizz Air и со нашата постојано растечка мрежа, не можеме да дозволиме миноритет да го расипе убавото искуство на толку многу почитувани и љубезни поторшувачи. Затоа одлучивме да се приклучиме на оваа одлична иницијатива од Европската организација за безбедност на воздушната навигација, и исто така ги потикнуваме нашите патници да се приклучат на нашите напори со споделување на #notonmyflight на нивните профили на соцјалните медиуми.“