На модернизираниот ракетоносец Ту-22М3М се применети нови мотори и електронска опрема која е наменета за стратешкиот бомбардер Ту-160. Со овие технички зафати оперативниот долет на авионот е зголемен за дури 50%, додека неговиот екипаж ќе има проширен обем на можности за напади врз различни цели, како и на планот на комуникацијата со мобилните копнени и поморски станици, пишува Mars.online.

Основната задача на бомбардерот со голем долет Ту-22М3М е ефикасна борба со ударни поморски борбени групи предводени од носачи на авиони. Новиот систем на напаѓачко-навигациски комплекс кој ќе биде интегрален дел од леталото ќе овозможи многу поширока употреба на модернизирани и перспективни убојни средства, особено на противбродски ракети. Целиот пакет на квалитативно ниво радикално ќе ги унапреди борбените можности на авионот.

На модернизираниот ракетоносец Ту-22М3М се применети нови мотори и електронска опрема која е наменета за стратешкиот бомбардер Ту-160. Со овие технички зафати оперативниот долет на авионот е зголемен за дури 50%, додека неговиот екипаж ќе има проширен обем на можности за напади врз различни цели, како и на планот на комуникацијата со мобилните копнени и поморски станици.

Меѓутоа, најважната работа поради која, меѓу другото, е и правена оваа модернизација, е способноста за примена на најновата ракета Х-32, која спаѓа во класата ракети „воздух-вода“. Оваа ракета претставува модернизација на ракетата Х-22, која претставуваше основно ракетно вооружување на авионот Т-22М. Новата Х-32 е во однос на својот претходник значително помала, опремена е со нов тип на мотор, а особено се работеше на зголемување на способностите на ракетата да ја совлада противракетната одбрана на непријателот која е засилена со системи за противелектронска борба. Зголемен е и нејзиниот максимален дострел, кој сега изнесува 1000 км.

Руските конструктори исто така интензивно размислуваат како на оваа верзија на авионот да го интегрираат најновиот хиперсоничен ракетен комплекс „Кинжал“. Имено, оваа ракета според своите способности драстично ќе ги зголеми борбените можности на модернизираниот руски бомбардер. Благодарение на својот оперативен дострел кој ќе изнесува најмалку 1000 км, како и вртоглавата брзина на летање што ја постигнува на својата траекторија, оваа ракета едноставно ќе биде недофатлива за противничките системи за ПВО и ПРО. Се претпоставува дека еден Ту-22М3М ќе може да носи и до четири ракети Х-47М2 „Кинжал”.

Извор: Russia Beyond