Lenovo во септември 2018. година поднесе барање за патент кај WIPO (World Intellectual Property Office) организацијата, кој укажува на телефон што се свиткува вертикално. Овој модел донекаде потсетува на Motorola Razr, бидејќи има секундарен екран.
Патентот на Lenovo има голема шарка на задната страна, која овозможува избор на точката на свиткување, за телефонот да може да се свитка до половина и речиси целосно. На овој начин, делот од екранот останува видлив и достапен за користење.
Судејќи според се, рамките се доволно големи да можат да ја имплементираат предната камера и слушалката, со вообичаените сензори, додека на задната страна се гледа само една камера.
Ова е прелиминарен дизајн, врз основа на кој сајтот LetsGoDigital ги направил своите рендери. Повеќе фотографии од овој патент се достапни во линкот на изворот.