Xiaomi ја објави освежената верзија на Mi Notebook Air лаптопот, кој иницијално беше објавен во Кина минатата година. Моделот од 13.3 инчи сега пристигнува со посилни карактеристики, како и со сензор за отисоци кој е главна карактеристика на лаптопот. Xiaomi претходно објави верзија на лаптопот со 4G LTE поддршка, како и 12,5-инчен модел со Intel Core M3 процесор.
Новиот Xia mi Mi Notebook Air 13 го покренува седмата генерација Intel Core i7 процесор @3.0GHz, а Xiaomi ветува подобрување на перформансите од 10 проценти во однос на претходникот. Достапна е и конфигурација со седмата генерација Core i5 процесор.
Остатокот од карактеристиките вклучуваат 8GB DDR4 RAM и до 256GB PCIe SSD. Новиот модел има и сензор за отисоци, како и контрола за пристап на лаптопот. Тука е и Nvidia GeForce MX150 графичката картичка со 2GB GDDR5 видео меморија. Како и претходните модели, новиот Xiaomi Mi Notebook Air има и AKG звучници.
Xiaomi Mi Notebook Air во Кина е достапен по цена од 737 долари, за Core i5 моделот. Компанијата не потврди дали и кога лаптопот ќе биде објавен надвор од Кина.
ИЗВОР: Ubergizmo