Многумина ги избираат дестинациите на кои ќе патуваат според фотографиите што ги виделе на интернет, а ссо војата архитектура или природна убавина ги воодушевиле толку многу што и сами едвај чекале да снимат селфи на тоа место. Сепак, на некои од најпопуларните светски дестинации снимањето селфи е илегално, пренесе „Машабл“.
Градот Мека, во кој многубројни верници се молат, забрани фотографирање селфи за да се зачува мирната атмосфера за оние што дошле да се молат.
Во црквата „Свети Петар“ во Вестминстер исто така забраниле селфи за да се одржи светата и интимна атмосфера што владее во неа.
Според наводите, во Сикстинската капела фотографирањето е илегално уште од 1980 година. Пред историското место во Сан Антонио во Тексас дозволено е снимање селфи, но не и внатре.
На плажата Мумбаи е илегално да се снима селфи бидејќи голем број луѓе го загубиле животот правејќи го токму тоа. Во зградата на Министерството за одбрана на САД забрането е селфи поради преголемиот ризик од кршење на националната безбедност.
Снимањето селфи пред индискиот архитектонски споменик се смета за грев. Италијанската галерија на Академијата строго забранува фотографирање на ова уметничко дело. Музејот на сликарот Винсент ван Гог го усвои правилото за забрана за снимање селфи за да ги спречи напорните посетители да им пречат на другите со нивните долготрајни фотографирања.
Иако внатре и пред самата палата снимањето селфи е илегално, и натаму е дозволено да се прави тоа во градината, што ги радува туристите што дошле да го видат и да го фотографираат домот на кралицата Елизабета Втора.