Ова ќе биде прв проект во светот кој вклучува брза безжична инфраструктура за полнење за електрични такси возила

Благодарение на бројните придобивки, како што се субвенции на цените на електричните автомобили, можноста за користење на сообраќајните ленти за јавен превоз, итн (од кои некои се укинати или ќе бидат укинати), Норвежаните во последниве години се свртеа кон хибридни и електрични возила, чија продажба минатата година се зголеми за дури 40 проценти. Во иднина очекуваме уште повеќе електрични возила на патиштата, како и континуиран развој на пратечката инфраструктура, поставување на нови стандардни и брзиполначници, како и нови безжични полначници за батериите на е-возилата.

Еден од плановите за намалување на загадувањето и електрификација во Норвешка се однесува на јавниот превоз. Од 2023 година во главниот град Осло по патиштата нема да сообраќаат такси возила со мотори со внатрешно согорување, додека по 2025 во земјата повеќе нема да се продаваат бензинци и дизели, а главниот акцент ќе биде на електрични возила.

За да се олесни оваа транзиција за корисниците, но и за таксистите, Осло наскоро ќе започне да поставува подлоги за безжично полнење на автомобилските батерии. Тие ќе се поставуваат на такси стојалишта, додека во автомобилите ќе се вградува потребната технологија која ќе овозможи вакво полнење.

Ова е одлична идеја бидејќи таксистите ќе го користат секој момент кога не превезуваат патници да ги полнат батериите.

„Ова ќе биде прв проект кој вклучува брза безжична инфраструктура за полнење на електрични такси возила во светот, а ќе ви помогне во понатамошниот развој на безжичната технологија за полнење за сите електрични возила“, објавија од Финската енергетска компанија Fortum, која работи на проектот. Од оваа компанија, со оглед на бројот на електрични такси во Осло, велат дека токму инфраструктурата и бројот на полначници е голем проблем бидејќи таксистите губат многу време во потрага по слободно место за полнење.

Градот Осло има партнерство со Fortum и американската компанија Momentum Dynamics, која развива инфраструктура за безжично полнење.

Стуре Портвик, менаџер за електрична мобилност во градот Осло, вели дека безжичното полнење на електричните автомобили може да биде пресвртна точка за целата индустрија на електрични возила, а сосема е јасно дека, кога станува збор за автомобилите и транспортот, иднината е електрична.

Извор: Zimo.hr