Intel Core десктоп процесорите од десеттата генерација се се поблиску до објава, а најголемото подобрување би можело да стигне на оние модели кои нема да бидат најскапи. Протечените информации сугерираат постоење на Comet Lake-S CPU линијата во кој секој Core чип (од i3 од i9 модел) наводно вклучува Hyperthreading.

Премиум 3.7GHz Core i9-10900K (основен такт од 3.7GHz) и неговата “non-K” варијанта (2.8GHz) би требало да ја поддржува Velocity Boost функцијата, која ги зголемува брзините на тактот се додека тоа го дозволуваат термалните можности. Најсилните модели би требало да имаат вкупно 10 јадра и 20 thread-ови.

Се очекува осмојадрените i7, шестојадрените i5 и четиријадраните i3 моделина процесори да имаат брзини на такт кои се зголемени за 100 до 200Hz. Процесорите од повисокиот сегмент ќе поддржуваат DDR4 меморија до 2933MHz, додека многумина меѓу нив чќе имаат подобрен чип и овеклокувана меморија, како и поддршка за 2.5Gbps Ethernet и WiFi 6.

Не е познато кога ќе се појават чиповите на Intel од 10. генерација, но компанијата понекогаш своите процесори ги претставува во рамките на CES саемот во Лас Вегас.