Многумина со нетрпение ја очекуваат објавата на Samsung Galaxy Note 8, а во претходниот период имавме доста гласини за претстојниот модел, кој би можел да биде откриен во текот на годинашниот IFA саем.

Благодарение на објавата, која ни ја донесува Slashleaks, во прилика сме да ја видиме наводната шема на Galaxy Note 8, која открива и некои дополнителни детали за уредот. Фотографијата на уредот од левата страна укажува на задната страна на телефонот, каде што би требало да биде сместен системот со две камери, како и двете единици за блиц. Под камерите се наоѓа кружna вдлабнатина, за која не е сигурно што претставува, а можно е да се работи за сензор за читање отисоци.

Шематиката од десната страна ја сугерира горната и долната страна на телефонот, а се чини дека Note 8 ќе ја имплементира USB-C конекцијата, како и звучниците во врвот и дното на дисплејот. Со оглед на тоа дека протечената шематика не е верификувана, споменатите детали треба да се земат со доза на резерва.

ИЗВОР: Ubergizmo