Семејството на Huawei P30 телефони ќе биде официјално претставен за помалку од една недела, а протечените информации за претстојните уреди не престануваат да се појавувааат. Најновата помеѓу нив пристигнува во облик на видео, кое ја покажува предната страна на P30 Pro моделот и како функционира сензорот за отпечатоци од прсти под екранот,
Како што може да се види, се е во согласност со она што го споменуваа претходните извештаи. Ново е тоа што имаме прилика да видиме колку е брз сензорот под дисплејот, кога е во прашање отклучувањето на смартфонот.
Сега само ни останува официјално да дознаеме дали Huawei P30 Pro користи оптички сензор за отпечатоци од прсти или ултрасоничното решение од Qualcomm, какво што користат и Samsung Galaxy S10 и S10+ моделите. Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 26. март во Париз.