Со новата реклама објавена минатата недела, технолошкиот гигант од Купертино успеа да ја допре една од најосетливите теми кои веќе подолго време се предмет на критики на сметка на неговата најлута конкуренција.

Apple сними рекламо видео во кое на најдиректен начин се занимава со прашањето на безбедноста на податоците кај нивните уреди, со акцент на iMessage конверзацијата, потоа историјата на рути кај апликацијата Maps и ограничување на следењето при користење на браузерот Safari.

Тоа им успеа да го направат, а при тоа на било кој начин директно да не ги споменат ни Google, ни Facebook – иако е сосема очигледно на што се цели во спотот.

Прашањето на приватност и безбедност на личните податоци, кои ги потенцира рекламата на Apple е нешто поради што во последните години, споменатиот двоец повеќе пати беше на удар поради протекување на информации и злоупотреба на личните податоци на корисниците.