Теренското возило Opportunity на NASA ја испрати последната панорама пред да биде проголтано од песочна бура на Марс. NASA официјално во февруари се збогува со теренското возило Opportunity, но сепак возилото испрати нови материјали. Jet Propulsion Laboratory на NASA објави панорамски фотографии кои возилото Opportunity ги направи во Perseverance Valley, во билизна на големиот кратер наречен Endurance. Панорамската фотографија е значајна бидејќи тоа ќе биде последното нешто добиено од Oppurtunity.
Панорамата е направена од 354 фотографии кои возилото ги има направено во периодот помеѓу 13-ти мај и 10-ти јуни 2018-та година. Теренското возило Opportunity беше испратено во вселената на 7-ми јули 2003-та година, а слета на Марс на 25-ти јануари 2004-та година. Првичниот план на NASA беше мисијата да трае само 3 месеци, но возилото сепак активно работеше на црвената планета дури 15 години, испраќајќи фотографии од површината на таа планета.