По успешното лансирање и спојување на модулот Crew Dragon со Меѓународната вселенска станица (ISS), Елон Маск, основачот и сопственик на технолошката компанија SpaceX, најави дека во следниот период најголем приоритет за таа компанија ќе биде развојот на Starship. Станува збор за најголемата ракета која SpaceX ја има проектирано и изградено е наменета за испраќање на луѓе на Месечината и на Марс.

Маск сака оваа ракета да биде што поскоро целосно завршена и тестирана, со цел во скора иднина да се обезбедат услови за нејзино лансирање. Токму оваа ракета се смета дека ја претставува иднината на компанијата SpaceX. Нејзиниот успешен развој ќе значи не само унапредување на истражувањата на вселената, туку и важен чекор во развојот на вселенскиот туризам. Се разбира, компанијата нема намера да ги запостави другите свои проекти.

Crew Dragon ја исполни својата мисија – го испрати екипажот на ISS, но идејата е да стане сервис на Мешународната вселенска станица на редовна база. До тој момент, останува уште многу работа, но сосема е извесно дека проектот никако нема да биде запрен. Маск, јужноафриканецот кој стана светски познат high-tech могул, е основач и на компанијата „Тесла“ која произведува електрични автомобили.