Русија ја претстави првата пловечка нуклеарна централа на светот на свеченото пловење во Мурманск, проект кој би требало да овозможи обезбедување на зафрлените подрачја, но ги загрижува еколошките организации.

Изграден во Санкт Петерсбург, “Академик Ломоносов” се закотви во пристаништето Мурманск, а вчера им беше претставен на новинарите. На тоа место би требало да биде наполнет со нуклеарно гориво пред да пристигне до конечната дестинација, зафрленио регион во Источен Сибир, јавува Al Jazeera Balkans.

Пловечкиот масивен блок од 144 метри должина и 30 метри широчина содржи два реактора со капацитет од 35 MW секој (наспроти повеќе од 1000 MW кај реакторот од нова генерација), слични на оние кои ги користат мразокршачите.

Во летото 2019. година ќе тргне од Мурманск во Арктичко море за да ги обезбедува со струја и топлина руските бази, а ќе врши и десалинација на морската вода.

Електраната ќе може да ги покрива потребите за енергија на речиси 200.000 луѓе. Пристаништето на кое пристигнува е Певек во Сибир, 350 километри северно во артктичкиот круг.