Граѓаните ширум светот, кои се уште се во изолација поради коронавирусот на различни начини смислуваат како да го поминат времето, а некои се покреативни од другите.

Режисерот Ренди Скот Славин целото свое семејство го собра околу краткиот филм, кој го именуваше „PROJECT-19“, научно-фантастичен видео запис од нешто преку три минути, кој во снимањето ги вклучи сите членови на домаќинството, кои се затекнаа заедно во изолација.

Приказната следи едно шестгодишно девојче, кое покрај тоа што е дете, е и гениј, и успева да го реши еден од најголемите проблеми на пандемијата – одвоеноста од најблиските.