Главната причина за одложувањето е желбата на Apple да го смести home копчето во дисплејот на самиот iPhone
Одложувањата и проблемите со производство кои ги има синџирот на снабдување на Apple во Азија, би можеле да ја примораат компанијата да го одложи објавувањето на iPhone 8.
Според наводите, подолго од очекувањата трае засилувањето на производството на одредени компоненти, вклулувајќи ги и OLED екраните. RBC Capital Markets верува дека ова би можело да предизвика одложување или барем да ја намали достапноста на iPhone по септемвриското лансирање.
Главната причина за одложувањето, според достапните информации, е желбата на Apple да го смести home копчето во дисплејот на самиот iPhone. Ова претставува проблем за Samsung, кој е снабдувач на OLED за Apple, што на крајот би можело да резултира со одложување на објавата на телефонот.
Ова се нови гласини кои сугерираат дека одложувањето би можело да биде неминовно, откако пред неколку месецо почна првиот сет на вакви информации. Тогаш се се заврши со тоа што беше објавено дека производството е стабилизирано и дека iPhone 8 е на стабилен пат на објава. Што ќе се случи по новиот бран гласини за одложување, останува да се види.