Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло, кое може да се користи во производство преклопни, односно смартфони со екран на превиткување.
Еден од најголемите предизвици во производството на свитливи смартфони е издржливоста на екранот. Samsung Galaxy Fold и Huawei Mate X изгледаат футуристички, но имаат пластични екрани, кои не се отпорни како стаклените дисплеи на стандардните смартфони. Тоа не е добро и претставува чекор назад кога се работи за издржливоста, но новото свитливо стакло од компанијата Corning Inc. е всушност Gorilla Glass стакло, отпорно на гребнатини, кое се користи во производството на предната и задната страна на многу телефони, вклучувајќи ги и моделите на iPhone и Samsung Galaxy серијата.
Потпретседателот и генерален менаџер на Corning, Џон Бајн изјави дека пластичните полимери користени за склопливите уреди подобро одговараат на употребата, која подразбира често свиткување, но дека не се издржливи како стаклото.
Но, производството на стакло кое се свиткува и не пука поради честото свиткување е исклучително тешка задача. Уште потежок предизвик е да се произведе преклопно стакло кое им одговара на бројните транзистори на екрани осетливи на допир. Бајн откри дека Corning работи на ултратенок свитлив екран со дебелина од 0.1 мм, кој има радиус на свиткување до 5 мм.
Компанијата напредува, но патот до конечен производ е уште долг. Corning експериментира и со комбинација од суперсвитливо Willow Glass стакло со издржливо Gorilla Glass стакло.