Facebook ја прекина апликацијата Onavo VPN за Android, и ја повлече од Google Play половина година откако ја повлече iOS верзијата од Apple App Store. Додека Onavo технички беше VPN апликација која ветуваше ограничување на други апликации да собираат премногу информации и ги штитеше личните податоци на корисниците преку безбедна мрежа, компанијата исто така ја користела апликацијата и за истражувања на пазарот.
Onavo му дозволи на Facebook да следи колку луѓето поминуваат време користејќи ја апликацијата или колку мобилен интернет или WiFi искористиле, како и страните кои ги посетуваат. Исто така Facebook имал пристап и од која земја се корисниците и каков модел на телефон користат. Програмата собирала податоци кои ја убедиле социјалната мрежа да го откупи WhatsApp, која претставува еден од најголемите сервиси за брзи пораки во Азија.