Facebook се уште мора да поработи доколку сака да ги отстрани сите расистички критериуми од ad таргетирањето. Компанијата повлече повеќе групи од платформата за реклами откако LA Times откри дека огласувачите можат да таргетираат реклами за луѓе кои се интересираат за расистички лидери и групи, вклучувајќи го и нацистот Џозеф Гебелс и неонацистички панк бенд. Овие субјекти достигнале поддршка од стотици илјади корисници. Портпаролот на компанијата Џо Озборн изјави дека овие категории на реклами се ретко користени и главно се фокусирале на историски материјали, но тој исто така призна дека компанијата требало да ги забележи порано и да реагира подобро.

Некои од категориите не се отстранети, бидејќи се совпаѓаат со категории зад кои стои безопасен концепт.