Се очекува овој модел да донесе мали подобрувања во однос на својот претходник – Honor 8
Досега веќе имавме прилика да ги видиме наводните рендери на Huawei Honor 9 телефонот, кои уредот го прикажуваат во неколку варијанти на бои. Сега се познати повеќе детали за материјалот на изработка на претстојниот модел. Honor 9 ќе ја имплементира препознатливата формула, со метална рамка, што се наоѓа помеѓу две стаклени површини од предната и задната страна.
Фотографијата што се појави на кинеската социјална мрежа Weibo го прикажува работ на Honor 9. Се очекува овој модел да донесе мали подобрувања во однос на својот претходник – Honor 8.
Телефонот ќе биде претставен на 12. јуни, а се очекува да го има Kirin 960 чипсетот, 5,15-инчен 1080p екран, 6GB RAM, 64 GB интерна меморија и 3100 mAh батерија. Очекуваните камери се од 20 мегапиксели, односно 12 MP на задната страна и 8 MP на предниот дел на телефонот.
ИЗВОР: GSMArena