Samsung разгледува вградување на камера со оптички зум во своето ново пенкалце, открива Patently Mobile, давајќи податоци за пријавениот патент на јужнокорејскиот гигант.
Според патентот кој е пријавен во февруари 2017 година, а одобрен пред неколку дена, новото пенкалце на Samsung ги можело безжично да ги испраќа сите фотографии назад на телефонот или таблетот.
Пенкалцето со вградена камера нуди низа корисни функции. Пред се, просторните ограничувања во главното тело на телефонот обично значат дека оптичкиот зум не е можно да се вгради во екранот. Меѓутоа, во патентот на компанијата Samsung се наведува дека камерата вградена во пенкалцето има функција на оптичко зумирање.
Раздвоеноста на камерата од телефонот, исто така, на корисниците би им пружила поголема флексибилност во начинот на снимање на фотографиите, овозможувајчќи снимање од повисоки или пониски точки на гледање, со користење на екранот на телефонот како finder.
Како и кај останатите слични патенти, нема гаранции дека овие спецификации навистина ќе бидат вградени во идните производи на Samsung. Меѓутоа, откако Samsung се бореше со слабата продажба во 2018. година, ќе му требаат нови привлечни функции како оваа за да ја ревитализира продажбата на паметните телефони.