Голем број од фотоапаратите со среден формат кои можат да сликаат со повеќе од 100 мегапиксели се направени да ја постигнат таа висока резолуција преку multi-shot техники, наместо со зголемување на резолуцијата на самиот сензор. Но, Phase One сега сака да го промени тоа. Новиот XF IQ4 систем е составен од 151 мегапикселен сензор со заднинско осветлување кој би требало да ги фати и најситните детали без некои посебни трикови. Исто така, системот користи нова платформа која овозможуваа RAW едитирање и процесирање слики директно на апаратот.

Камерата е опремена со ISO сензитивност од 50 до 25,600 и покрај тоа што поседува неверојатна резолуција, а timelapse и bracketing tools функциите можат да се користат независно од телото на апаратот. IQ4 исто така вгради и XQD и SD слотови за картички како и тетеринг преку Ethernet, USB-C или wireless.

Се ова укажува дека се работи за прилично скап фотоапарат па така регуларниот XF IQ4 ќе ве чини 51,990 долари а ќе биде достапен во октомври, додека пак ахроматскиот модел ќе чини 54,990 долари. Трихроматската верзија со 101 мегапиксел ќе изнесува 47,990 долари. Како и сите останати апарати со среден формат, овој уред е наменет или за големи студија кои ќе можат да го оправдаат трошокот, или пак за клиентите на кои овaa извонредна резолуција им е потребна за еднодневна фотосесија, па ќе се одлучат да го изнајмат.