Стопанска банка а.д. Битола ја пушти во употреба својата нова мобилна апликација Bank2GOкоја е достапна и може да се превземе од Play Store за сите корисници на Android и App Storeза корисниците на iOS.
Оваа апликација на корисниците ќе им овозможи нивниот мобилен уред да биде нивната подвижна, виртуелна експозитура преку која на едноставен, брз и безбеден начин ќе имаат пристап до информациите поврзани со сите нивни сметки, состојбата и расположливите средства и ќе може да вршат плаќања во секој момент од било кое место. Апликацијата која е лесна за употреба нуди преглед на сите кредити, депозити, кредитни и дебитни картички, на прометот извршен во периодот и на извршените налози.
Покрај тоа, преку оваа апликација корисниците ќе добиваат известување за направените трансакции и одливи од трансакциската сметка и ќе имаат можност да користат готови шаблони за брзо плаќање кои сами ќе ги креираат. Останатите функционалности на апликацијата вклучуваат калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката, локатор на експозитури и банкомати, увид во работното време на експозитурите, нивните контакт податоци како и детални информации за сите производи и услуги на Банката.
BANK2GO на клиентите ќе им биде достапна за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски. Оваа апликација ќе може да ја користат и оние кои не се регистрирани како корисници на мобилното банкарство во Стопанска банка а.д. Битола, но во тој случај ќе имаат пристап единствено до јавно достапните информации за производите и услугите на Банката.
Следејќи ги потребите на своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола со воведување на мобилната апликација Bank2GO на своите корисници им нуди ново, софистицирано дигитално искуство и им нуди можност за лесна контрола и едноставно и безбедно управување со услугите кои ги користат.