YouTube каналот Andro News објави видео, кое прикажува како ќе изгледа претстојниот смартфон на Google.
Според Andro News, телефонот би требало да поседува процесор Qualcomm Snapdragon 670 и 4GB RAM. Од видеото се гледа дека уредот изгледа многу слично на Pixel 3, со тоа што новиот модел нема втора селфи камера на предната страна.
И покрај тоа што се очекува да биде нешто поевтин од флегшип уредите на Google, овој модел ја има истата камера со сензор од 12 мегапиксели и YouTube каналот тврди дека Pixel 3 Lite создава фотографии со идентичен квалитет како и Pixel 3.
https://youtu.be/pwaT4u-1Y60
Куќиштето е направено од пластика, и за разлика од флегшип моделите на Pixel, Google реши да вгради отвор за слушалк. Lite верзијата на Pixel 3 има 5,56-инчен екран со резолуција од 2.220 х 1.080, како и батерија од 2.915 mAh.
Откако во изминатите два месеци беа откриени речиси сите детали за новиот смартфон на Google, логично е дека компанијата ќе го претстави на пазарот во најбрзо можно време. Но, знаејќи како постапува Google со ваквите „протекувања“, тешко е да се претпостави дека Pixel 3 Lite ќе биде промовиран пред да започне неговата продажба во Хонг Конг.
Извор: The Verge
Поврзани артикли