Познатиот американски бизнисмен, инженер, инвеститор и еден од татковците на iPod, Тони Фадел учествуваше во изработката на досега најскапиот паметен часовник на светот.
Пред нешто повеќе од една година, белгиската компанија Ressence најави дека на пазарот ќе го пласира својот паметен часовник Type 2 со технологијата e-Crown. Концептот на овој часовник беше претставен уште минатиот март на изложбата SIHH, а наскоро би можел конечно да го здогледа светлото на денот и да се најде во продажба.
Посебни карактеристики кај овој носечки паметен уред не недостасуваат. Ressence Type 2 е паметен часовник кој го зема најдоброто од светот на гаџетите и механичките часовници. Опремен е со батерија која му дава автономија од околу 36 часа, но може да се полни и прегу вградените фотонапонски ќелии. Тие, пак, се скриени и механизмот ги открива само по потреба. Системот e-Crown е основата на дигиталното срце и служи за подесување на времето и временските зони, следење на прецизноста на мерењето на времето (и подесувањето на несекогаш точните механички системи) и за паметно управување на потрошувачката на батерија.
Овој часовник, на пример, ќе препознае кога не е на зглобот на сопственикот и тогаш ќе престане да го покажува времето за да заштеди енергија. Еднаш кога сопственикот повторно ќе го стави на рака, часовникот се враќа во нормален начин на работа.
View this post on InstagramA post shared by Jan de Griff️️️️️ (@jandegriff) on
За разлика од останатите паметни часовници, тој нема да му покажува нотификации на корисникот, да му овозможи било какви функции на следење на активноста и слично. Но, изработен е од титаниум, се одликува со единствен дизајн, а во неговата изработка учествуваше и еден од “татковците” на првиот iPod на Apple. Поради сето ова, производителот Ressence постави на овој уред прилично висока цена – 48.800 американски долари.