Во март 2018. година, Fitbit го претстави тогаш својот најнов паметен часовник – Versa. Благодарение на него, Fitbit успеа да стане втор производител на паметни часовници во светот, а пред него се наоѓа само Apple.

Една година подоцна, Fitbit одлучи во понудата да го стави и послабиот модел – Versa Lite Edition, кој не ги поседува сите функции, но со тоа воедно и стана 40-тина долари поевтин во однос на Versa моделот. Новиот Versa Lite Edition би можел да им се допадне на оние, кои не ги интересираат статистики врзани со пливање, или со бројот на чекори направени на степеници, бидејќи овие Lite моделот ги загуби овие опции.

Исто така, Lite моделот нема можност за плаќање преку NFC, нема поддршка за Wi-Fi, како ни можност за складирање на аудио фајлови на самиот часовник. Изгледот, односно дизајнот, во поголем дел остана идентичен. Единствената разлика во дизајнот е таа што Lite моделот, во однос на оригиналниот има една, а не две копчиња.

Купувачите на Versa Lite Edition паметниот часовник и натаму ќе имаат можност за следење на отчукувањата на срцето, следење на сонот и другите функции врзани со здравјето и физичката активност на корисниците. Со едно полнење на батеријата, Lite моделот може да работи и подолго од четири дена. Подеталните спецификации се достапни на официјалната интернет страница на производителот, а ценета на часовникот е 159,95 евра.