Пред две години, Oppo беше присутен на MWC во Барселона, но компанијата не прикажа ниту еден смартфон на саемот. Наместо тоа, Oppo се одлучи да прикаже мобилни технологии, најавувајќи ја првата светска двојна камера со 5X оптички зум.
Сега компанијата е подготвена да оди чекор понатаму и испрати покани за медиумите, со најава за претставување на 10X lossless решенија за зумирање. Настанот ќе биде одржан на 16. јануари во Кина.
Актуелниот 5x систем практично претставува 5p леќа, а го следи аглеста призма од 90 степени, која го насочува светлото во вертикално позиционираниот камера сензор. OIS е сместен на другиот крај, а ќе работи дури и кога зумирањето е на максимум.
Кинеските извори истакнуваат дека засега нема премногу информации за тоа дали Oppo ќе претстави телефон подготвен за пазарот или само ќе демонстрира прототип со нова технологија на камерата.