Американската компанија Apple планира да ја лансира новата генерација на iPhone во 2019 година, но со специфично подобрување на неколку делови. Во прв ред, новиот модел на iPhone ќе има најнова Wi-Fi технологија, која ќе ја надмине постоечката.
Безжичната технологија со Wi-Fi мрежа 6 ќе го замени постоечкиот Wi-Fi 5, кој започна да се инсталира во 2011 година. Новата Wi-Fi 6 мрежа ќе работи 40 проценти побрзо од својот претходник.
Покрај тоа, новиот iPhone ќе може да работи подолго од претходните генерации поради поефикасната дистрибуција на користењето на енергијата.
Инсајдерите тврдат дека дизајнот на новиот уред нема да доживее драматични промени, но може да добие тројна главна камера. Заедно со ова, ќе се подобри и системот за скенирање на лицето кој ќе работи побрзо. Претходно стана познато за намерите на Apple да започне со производство на “паметна облека”
Поврзани артикли