Иако минатата година немаше многу активности на полето на VR технологијата, се чини дека оваа година на тоа поле ќе биде поживо од било кога.
Во тек е CES (Consumer Electronics Show) саемот, најголемиот хардверски фестивал на светот, на кој HTC го претстави својот најновиот VR уред – Vive Cosmos.
Иако, освен тизер најавата, се уште немаме премногу конкретни детали, изгледа дека фокусот е на тоа овој уред да биде лесен и едноставен за користење и дека пред се е направен да биде комфорен и пренослив.
Тоа во трејлерот е и назначено со покажување на мобилниот телефон, па останува нејасно дали овој уред воопшто може да работи со класичните PC VR наслови, или е направен исклучиво за употреба со телефоните.
Минатата година, HTC ја отвори со Vive PRO верзијата, која чини околу 800 долари и која е наменета за корисниците кои бараат повеќе, па многу веројатно е дека ова ќе биде некој вид на лајт варијанта, за корисници кои сакаат да уживаат во VR доживувањата и на своите паметни телефони.
За разлика од сите досегашни VR уреди на пазарот, ова ќе првиот кој нема да има процесорска единица, односно дел кој се наоѓа помеѓу VR кацигата и уредот, и кој се користи за играње, туку кацигата директно се прицврстува на уредот.
Тоа е уште еден повод за размислување на темата дека главниот фокус тука е на мобилните телефони и дека нема да може да се користи за посериозни VR игри.