Јужнокорејскиот производител на електроника, LG го претстави првиот OLED телевизор за комерцијални цели којшто може да се витка во ролна. Телевизорот за прв пат беше прикажан пред една година како прототип, а финалниот производ е наречен OLED TV R (модел 65R9) и може да се користи на три начини – Full View, Line View и Zero View.
Во Full View, корисникот го гледа целиот 65-инчен екран, Line View половично го прикажува екранот, со дисплеј за часовник/време, музика или фотографии од смартфон. Zero View е целосно свиткана варијанта на телевизорот, но музиката или останатата аудио содржина може да се слуша.
Rollin' into 2019 like, THE FUTURE OF TV IS HERE ??
Yup, this new @LGUS TV can roll itself up like a yoga mat ?https://t.co/YmkKQMz5cY pic.twitter.com/dFHPXGolDS
— Reviewed (@reviewed) January 7, 2019
OLED TV Rе компатибилен со Apple AirPlay 2 и HomeKit. Преку AirPlay 2 корисниците можат да репродуцираат видеа од iTunes или други видео апликации или да проследуваат музика и фотографии директно од нивните Apple уреди. Преку HomeKit телевизорот може да се контролира со Home апликацијата или преку гласовниот асистент Siri.
Телевизорот со потпис на LG за прв пат беше претставен на годишното шоу за електроника CES во Лас Вегас. Компанијата сè уште нема соопштено цена за производот и кога истиот ќе може да се купи.