Минатата година, во текот на CES саемот, Samsung прикажа модуларни MicroLED панели, кои јаа сочинуваат The Wall TV технологијата на компанијата. Оваа година, јужнокорејската компанија ја ажурираше технологијата два правца – ја направи поголема и помала, а изгледа дека ја направи и проѕирна.
Во текот на CES 2019 во Лас Вегас, Samsung ги искористи MicroLED панелоите за да креира 219-инчен ‘The Wall’ i ‘The Window’ дисплеј. Со ова, Samsung докажува дека може да креира екрани со било која резолуција, големина или облик.
Samsung, исто така, објави верзија на The Wall уредот кој може да го собере во повеќе домови, со 4K резолуција и во големина од 75 инчи. Засега нема информации колку ќе чини ваков телевизор, но споменатиот модел секако е пореален за користење во собите, отколку што тоа е случај со кино екраните за кои технологијата е оригинално креирана.