Xiaomi објави нов паметен часовник во својата платформа за производи, чиј развој е финансиран од потрошувачите.

Уредот ќе се вика Ultratime Zero и ќе понуди ултра-тенок дизајн инспириран од сончевите часовници. Цената по која часовникот ќе може да се купи е 1.080 јуани или 160 долари.

Интересно е што производството беше пренесено кон Beijing Taihuo Red Bird Technology, а од страна на Xiaomi е само продукт дизајнот.

Телото Ultratime Zero е направено од челик и според Xiaomi ги исполнува сите највисоки стандарди за квалитет во САД и во ЕУ.