Рускиот вселенски брод Soyuz MS-09 што ги превезуваше тројцата досегашни членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС), рано изутринава успешно слета во Казахстан.
Со Soyuz MS-09 на Земјата се вратија тројцата астронаути Сергеј Прокопјев од Русија, Серена Аунион-Ламслер од САД и Александер Герст од Германија.
Троцата досегашни членови на екипажот на МВС во земјината oрбита поминаа 190 дена, извршувајќи експерименти кои е невозможно да се спроведат на Земјата.