Германија и понатаму сака да воспостави наплата на патарина за употреба на автопатиштата низ целата земја, но и во остатокот од Европската унија

Од јули до декември 2020 година, Германија го има претседателството на Советот на Европската унија, а нацрт-документот објавен од медиумите открива дека германскиот министер за транспорт Андреас Шојер сака да обезбеди скоро сите возила што се движат на автопатите, вклучително и камиони, комбиња и автомобили, да треба да платат патарина низ Европската унија.

Според овој нацрт, планот би се реализирал во рок од осум години, а автобусите би биле ослободени од плаќање на патарина, дознава Reuters.

Сепак, не секој го поддржува овој предлог за систем за наплата. Одредени владини претставници велат дека некои германски министерства сакаат проектот да биде „замрзнат“, и покрај тоа што таков систем за наплата се смета за една од мерките за борба против климатските промени.

Покрај тоа, ова се смета за чувствително прашање меѓу министерствата предводени од партијата na Социјалдемократite, која ја дели власта со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, кои долго време се спротивставуваат на патарините на автопатите.

Како потсетување, за разлика од повеќето други земји на Европската унија, Германија не наплаќа патарини за возачите на моторни возила на својата автопат мрежа, туку средствата за нивно одржување ги обезбедува преку даноци.

Претходно, земјата се обиде да ги принуди странските возачи кои користат германски автопати да платат патарина, но пред околу 12 месеци, највисокиот суд во Европа донесе пресуда против ваквиот план, тврдејќи дека ги крши правилата на Европската унија.