Швајцарскиот гигант за прехранбена индустрија Nestle најави дека ќе инвестира две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклирање.

Парите ќе ги искористат и за намалување на употребата на нова пластика за пакување храна.

Компанијата планира да инвестира во нови типови еколошки одржлива амбалажа за да ја исполни целта до 2025 година сите нејзини пакувања да бидат рециклирани или повторно употребливи.

Во Nestle наведуваат дека во следните пет години ќе ја намалат употребата на нова пластика за третина и ќе формираат фонд вреден 250 милиони франци за да инвестираат во стартап компании во секторот за рециклирање, објави AFP.

За да се создаде пазар за рециклирана пластика, компанијата ќе собере два милиони тони пластика за пакување храна и ќе издвои повеќе од 1,5 милијарди франци за плаќање на овој материјал до 2025 година.

Гигантот меѓу синџирите за брза храна McDonald’s во октомври објави дека ќе ја забрза работата за намалување на минимум употребата на пластика во своите ресторани во Европа.