Државата со најголема популација сака да стане светски лидер во користење на обновливите извори на енергија
Лебдечките соларни фарми имаат неколку предности. Најголемата е што го штедат теренот во густо населените подрачја, што за Кина која има преку 100 града со популација од повеќе од милион жители многу важно.
Овие водни системи исто така го намалуваат испарувањето на водата, а постудениот зрак на површината на езерото помага да се минимизира ризикот од пропаѓање на соларните ќелии, поради долготрајното изложување на високи температури.
Меѓутоа, најинтересната работа за оваа соларна електрана е фактот дека езерото на кое плови, настанало откако стариот рудник за јаглен со текот на годините бил исполнет со дождовница. За разлика од САД, каде Владата дава се поголема поддршка на користењето на јаглен и термолекетраните што го користат, Кина сега се залага јагленот да стане минато и сака да стане водечки светски производител на електрична енергија од обновливи извори.
ИЗВОР: Digital Trends