Европска вселенска агенција (ЕСА) по првпат објави фотографија од огромен крaтер на Марс, чии рабови се замрзнати.

Научниците направиле комбинација од три фотографии на кратерот Корољев, снимени на 15 април од височина од 400 километри.

Раководителот на проектот Николас Томас изјави дека боите на оваа фотографија се прилагодени што повеќе да потсетуваат на оние кои се видливи со човечко око.

Камерата која е користена е еден од четирите иструменти на беспилотното вселенско летало. Орбитерот е дизајниран да бара гасови како што е метанот, кои би можеле да наговестат биолошки или геолошки активности на Марс