По Австралија, компанијата Wing почнува со тестирањето на достава со дронови и во Финска, а на почетокот ќе се достауваат работи како лекови, храна, куќни потреби итн.
Џеф Безос одамна најави дека иднината на доставата е во беспилотните летала, а иако времето во кое дроновите ќе ни брмчат над главите и ќе ни носат пици пред фудбалските натпревари е прилично далеку, големите технолошки компании сепак прават големи чекори кон таа цел. Една од компаниите кои развиваат беспилотни летала е Alphabet, која ги вклучува Google и Wing.
Wing веќе некое време успешно ја тестира доставата со дронови во Австралија, во која забележаа повеќе од 55 илјади достави на лекови, кафе и други куќни потреби. По Австралија, Wing има намера со тетирање на доставата со дронови да почне и во Европа, а првата земја во која дроновите ќе донесуваат храна ќе биде Финска.
Тестирањето е најавено за пролетта следната година, а Финска е избрана како земја во која луѓето се отворени кон тестирањето и користењето на нови технологии. Од Wing ги повикаа Финците да им испратат предлози за работите кои би сакале да ги видат доставени со дрон на куќниот праг – доставата ќе се нарачува преку мобилна апликација и во текот на тестниот период ќе биде бесплатна во целост.
Ако таквиот начин на достава се покаже ефикасен, во иднина поголем број работи би можеле да се доставуваат по воздушен пат, но јасно е дека пред Wing и Amazon Prime Air стојат големи и бројни предизвици. Првенствено, се работи за сигурноста – секогаш постои можност за пад на дронот или предметите на земја и повредување, односно дури и усмртување на луѓе. Исто така, кој може да гарантира дека нема да го симне дронот и да го земе предметот на достава, што е со автономијата на батеријата и друго.